Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Првиот премиер на Путин – „странски агент“

Првиот премиер на Путин – „странски агент“

Михаил Касјанов, првиот премиер на Владимир Путин, откако во 2000 година беше избран за претседател на Русија,  политичар кој подоцна стана опозиционер и критичар на  рускиот режим, е ставен на листата на министерството за правда како – „странски агент“.

Во соопштението од Москва се вели дека Касјанов  се вклучил во ширењето  пораки и материјали  на (други) странски агенти, во руската јавност. Односно, дека на тој начин- „ширел лажни информации за одлуките на разните државни органи и нивните функционери , како и за вкупната политика на земјата“.

Конечно, бившиот премиер се смета за виновен затоа што е против т.н. специјална воена операција, всушност, војната против Украина, која ја покрена и ја води Кремљ на украинска територија.

Касјанов- соработник  па „непријател“

Касјанов беше премиер од 2000 година, откако Путин стана шеф на државата и на функцијата остана до 2004 година , кога беше сменет од претседателот.

Како премиер, функција која  во руската политика има техничко- организациона улога, а не  политичка, Касјанов има работено на економските реформи , вклучувајќи го и донесувањето на паушален данок на доход.

Тој беше целосно оставен настрана од  прашањата на економијата, врзани за   бизнисот и  за олигарсите кои во периодот на транзицијата, што ја започна Борис Елцин, претходникот на  сегашен претседател, станаа милијардери, распределувајќи ги меѓу себе државниот имот и природните богатства што беа  во државна сопствност.

За таа работа беше задолжен само Путин кој на почетокот на првиот свој мандат се има спогодено со олигарсите , на една затворена, безмалку тајна средба во Кремљ.

Спогодба на Кремљ и олигарсите

Според договорот направен тогаш, чии детали се имаат појавено многу подоцна и тоа во западните медиуми, Путин им ветил дека ке може да го задржат своето богатство и она што го поседуваат како имот.

Ветено им било дека од нив  нема да се бара да докажуваат како го имаат стекнато богатството – (главно  на сомнителен, или нелегален начин)- под услов олигарсите „да го одврзат кесето “ и да одделуваат пари за државата, кога таа (Кремљ) ќе го побара, како и – да ветат дека нема да се мешаат и да се занимаваат со политика.

Инсајдери  имаат речено дека на тој„ историски состанок“, кој ја има одредено иднината на односите меѓу власта и многу богатиот бизнис, или поточно меѓу олигарсите милијардери и Путин, сите присутни го имаат прифатено ваквиот договор, освен двајца, тогаш богати и моќни олигарси и милијардери- Борис Березовски и Михаил Ходорковски.

Многу брзо по тоа, тие веќе се третирани како „ непријатели“ на Кремљ, затоа што најавија дека сакаат да се вклучат во политиката и да формираат партии- врз граѓанско, либерална основа.

Казнување на Березовски и Ходорковски

Березовски кој кај Елцин имаше и политичка функција, а на Путин му помогна да го освои првиот претседателски мандат, мораше да емигрира,  станувајќи предводник на руските дисиденти, откако се настани во Лондон.

Ходорковски кој стана и најбогатиот Русин, остана во Русија, каде властите  го уапсија, обвинувајќи го  за „даночни и финансиски малверзации“. Нешто за што (инаку) во една правна држава, каква што не е Русија,  сите олгарси би требало да бидат уапсени. Тој беше осуден на долгогодишна затворска казна, а во затвор и во логор остана десет години.

После силниот меѓународен притисок, беше пуштен од затвор и практично протеран во Швајцарија. Сега е во Британија и раководи со својата хуманитарна организација.  Березовски, врз кого имаше неколку обиди да биде ликвидиран, пак, почина во својот дом во околината на Лондон, под мистериозни околности.

Во егзил сега се наоѓа и Касјанов, откако стана опозиционер  и остар критичар на политиката на Путин. Велат дека за секој случај,  го сокрива  местото на својата сегашна локација  (претпоставка е  дека станува збор за Летонија).

Во време додека путиновата апсолутна власт се уште можеше да се означи како „мека“ , Касјанов делуваше како опозиционер во руската политика, па во 2008 година се кандидира за претседателските избори.

Неподобен за претседател

Меѓутоа, се  му стана јасно, кога државната изборна комисија не ја прифатти неговата кандидатура. Излезе дека екс премиерот е неподобен-  дури и  да се кандидира за претседател.

На тој начин , се покажа дека Владимир Путин ги има  тргнато (починати, ликвидирани, избегани по Западот) сите   оние кои му имаат помогнато – од офицер на КГБ, на служба во Дрезден во тогашна Источна Германија – да застане на врвот на државата.

Посебно, доколку во нив види закана дека може да бидат негови конкуренти, доколку се спротвстават на политиката што ја има наумено со својот круг во Кремљ и доколку станат противници и опозиционери , односно критичари на неговиот режим.

Како своевидена легализација на тој систем на елиминација, е  рускиот закон со кој сите кои слепо не го подржуваат режимот- се прогласуваат за „опасни“. Тука се ставени поединци и организации, меѓу кои и оние кои се борат за човековите права, како и новинари кои работат за странски медиуми.

Сите се „непријатели“ затоа  што добиваат пари од странски фондови, па се прогласуваат за „странски агенти“. Како што сега тоа му се случи и на Михаил Касјанов.

(С.Г.)

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе