Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

„Рајхсбургер“ подготвувале пуч во Германија

„Рајхсбургер“ подготвувале пуч во Германија

Вкупно 27 лица се обвинети за припадност и за подршка на терористичката , ултрадесничарска организација „Рајхсбургер“ ( Граѓани на Рајхот) – за велепредавство и  за подготвување насилен државен удар во Германија.

Според германските власти, станува збор за апсење и подигнување обвинувања за припадници на една крајно десничарска, милитантна организација, блиска на неонацизмот, која планирала пуч, за уривање на власта и на сегашниот уставен поредок во земјата.

„Денешна Германија нема легалитет“

„Рајхсбургерите“ не го признаваат легалитетот на денешна, модерна и демократска Германија, па затоа тајно работеле на тоа да се собори сегашниот уставен и политички систем, за да се создаде една друга Германија, поставена на крајно-десничарски основи, на чие чело би имало лидер кој би ја предводел таа нова државна творба.

За лидерската функција веќе  бил одбран еден германски аристократ- Хајнрих Дванаесети-принц Ројс.

Во текот на досегашната истрага, откриено е дека сите обвинети биле вклучени во плановите за создавање нови вооружени сили на Германија, што требало да бидат распоредени низ целата земја, во очекување на „Денот Икс“  кога требало да се тргне во акција.

Оваа милитантна организација финансирала набавка на разно (лесно) оружје и муниција, а во исто време биле направени и детални списоци на „непријателите на државата“ , што се заедно потсетува на едно темно и мачно време од германската понова историја- од раѓањето на нацизмот во триесетие години на 20 век, пред нацистите  да ја освојат власта.

Забрзано вооружување

Постоењето на организацијата е обелоденето во почетокот на декември минатата година, кога тајните служби и полицијата имаат дојдено до сознанијата за забрзаното вооружување на „ Рајхсбургерите“  , потребно за извршување на пучот , преку кој требало да се создаде нова државна структура и созема нов тип на власт.

Еден од обвинителите има изјавено дека организацијата не го прифаќа постоењето на сегашната Федерална Германија и нејзиното државно уредување, повикувајќи се на „онаа Германија“ и залагајќи се за обнова на дрѓавата во границите пред Втората светска војна.

Десничарите во Германија, но и оние низ Европа, се до Балканот, настојуваат да го девалвираат тврдењето на обвинителството и подигнатите обвинувања, сметајќи дека се претерани и дека станува збор за возрасни луѓе кои не можеле да бидат закана за уставниот поредок.

Според овие мислења, целата на власта е да се пресмета со крајно-десничарската парија АфД ( Аелтернатива за Дојчланд). Други, пак,руги, пак, сметаат дека вината за една ваква организација, каква е „Рајхсбургер“ е во „форсирањето на либерализмот во општеството“ за кој се вели дека бил „преголем“ , како и на силната миграција и на гастарбајтерите.

Насилно преземање на Парламентот

Обвинителите не мислат така и тие ( врз основа на сознанијата) уверуваат дека целта не им била – да се теоретизира  , каква да биде Германија- туку да се изврши преврат, со насилно преземање на Рајстагот во Берлин ( Парламентот) и на власта, користејќи и делови од германската војска во која почнале да се инфилтрираат.

Организацијата е создадена пред две години и идеолошки е сосема идентична со американската организација „Кјуан“ – посебно кога станува збор за расизмот и за инсистирањето на белата доминација ( во САД ) и во Германија. Колку за потсетување, „Кјуан“ беше вклучена во вооружениот бунт ид 6 јануари 2021 година, во Вашингтон, на Капитол Хил,  со чија помош-  Доналд Трамп се обиде да се спречи инаугурација на новоизбраниот претседател.

„Станува збор за една од најголемите терористички организации во десничарскит сектор“- има изјавено министерот за внатрешни работи на Баварија Јоаким Херман.

Групата имала  политичко и воено крило и според министерот Харман, Германија е соочена со „апсурдна фикција која понатаму би можела да доведе до мошне опасна ситуација“ доколку организацијата се остави да дејствува.

Врски со партијата АфД

Уште повеќе што „Рајхсбургерите“ веќе сега ја имаат подршката на АфД и на пратеничката група на оваа крајно-десничарска партија во Парламентот.

И едните и другите, не ја кријат омразата кон миграните општо и кон странските работници, иако токму овие ги покриваат т.н. „валкани занимања“ што германските работници не ги прифаќаат.

Меѓу уапсените и обвинетите има и една поранешна пратеничка на АфД, која во организацијата била задолжна за дејствување во војската и меѓу припадниците на германските специјални сили- за да се регрутираат нови припадници, како и едно лице со руско државјанство, чиј идентитет не се открива.

Не се знае што еден странец требало да работи со германските десничарски милитанти во преземањето на власта, но официјална Москва побрза веднаш да се огради. Од Кремљ било порачано дека Русија со тоа нема ништо заедничко и дека апсењето на десничарските милитанти и обвинувањата се исклучиво германска работа.

(С.Г.)

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе