Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Авион останал без дел од трупот при полетување

Авион останал без дел од трупот при полетување

Авионот „Боинг 737/Макс 9“ на американската авионска компанија „Аласка Ерлајнс“ за малку има избегнато катастрофа, откако во време- набргу по полетувањето- изгубил дел од трупот на леталото и еден од прозорците.

Во тој момент, авионот се искачувал за да ја достигне висината од 11 илјади метри, кога се случила експлозијата по која на леталото се направила дупка која веднаш предизвикала забрзано губење на притисокот во кабината. Инцидентот се случил на височина од 4880 метри.

Пилотот веднаш побарал итно слетување на аеродромот во градот Портланд, во сојузната држава Орегон, од каде полетал само шест минути пред тоа. Никој во инцидентот не настрадал, освен што неколкумина од патниците ( вкупно 177 лица имало во авионот) биле полесно повредени.

Инцидент без последици за патниците

Авионски експерти изјавиле за медиумите дека овој инцидент среќно завршил , затоа што би дошло и до многу потешки последици, па дури и до уривање на авионот доколку сето тоа се случило на многу поголема височина каде разликата во притисокот меѓу оној во кабината и во воздухот, на десет или 11 илјади метри, е многу поголема.

Компанијата „Аласка Ерлајнс“ веднаш ги исклучила од сообраќај сите свои 65 авиони од овој тип на „Боинг“ , за детална инспекција, додека американската федерална управа во воздухопловството (ФАА) нареди приземјување на сите авиони „Боинг 737/Макс 9“ колку што се во моментот во употреба во компаниите на САД.

Станува збор за релативно нов модел на „Боинг“ кој е во редовен собраќај од 2017  година , после неколку одлагања. Тоа е нова и унапредена верзија на добро познатиот стар модел „Боинг 737“- авион со два мотора кој е наменет , главно, за летање на пократки дестинации , што во Америка се користи  за внатрешни летови.

Модел со проблеми

За овој модел, меѓутоа, се знае дека од почетокот на добивањето употребна дозвола, во изминатите години се има соочено со разни помали и поголеми технички проблеми, а има доживеано и две несреќи.

Според експерти и познавачи на овој авион, отпаѓањето на дел од трупот, заедно со еден од прозорците, се има случено на место, каде обично во леталата се наоѓа дополнителна врата за излез во вонредни ситуации (Emergency Exit). Овој модел на „Боинг“ нема таква секција  затоа што во  „Макс 9“ таа не е ниту вградена.

Претпоставка е дека авионот нема таква, дополнителна врата, затоа што тоа  го барала компанијата при нарачката на авионите . Се смета дека тоа е направено   бидејќи во прашање е помало летало. Постојат правила во авио-сообраќајот според кои  – бројот на вратите за вонредни ситуации се определува врз основа на бројот на седиштата.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе