Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Глобално поевтинување на храната во 2023 година

Глобално поевтинување на храната во 2023 година

Организацијата на ОН за храна  и за земјоделство (ФАО) објави дека глобалните цени на прехранбените производи, во изминатата 2023 година се намалени , во пднос на претходната 2022. Тоа посебно се однесува на цените на пшеницата и на житните култури , како и на маслото за јадење кои една година пред тоа, достигнаа рекордна височина, пред се, поради руската инвазија врз Украина и војната што Москва ја води скоро две години.

Во 2023 година , индексот на цените на ФАО, на  производите со кои најчесто и најмногу се тргува, во просек се намалени за 13,7 отсто. Но, во исто време, цените на шеќерот и на оризот се зголемени. Само во текот на декември, индексот на цените на глобално ниво е намален за десет отсто, споредено со истиот  месец во 2022 година.

Успех во тешка година

Намалувањето на цените се случува иако претходната година се означува како тешка- како кога станува збор  за безбедносните прилики, така и кога се во прашање климатските состојби.

Сушите, поплавите и природниот феномен  Ел Нињо кој носи обилни врнежи и големи поплави, заедно со разните воени судири, забраните за трговија со храна, како и опаѓањето на вредноста на валутите, имаат предизвикано тешки последици за земјите во развој- оценува ФАО.

Оценка на агенцијата е дека иако цените (глобално) бележат пад, тоа автоматски се нема почувствувано во трговскиот свет и кај крајните потрошувачи, посебно кај оние со најниски месечни приходи. Тоа има предизвикано , во 2023 година речиси 340 милиони луѓе на планетата се имаат соочено со несигурното снабдување со храна..

Ова се однесува на оризот и на шекерот кои беа проблематични поради климатските состојби во Азија, што и има повлијаено за растот на нивната цена.

Пад на цената на маслото за јадење

Но, освен кај оризот, снабдувањето на глобалниот пазар , според ФАО, е оценето како добро и покрај тоа што Русија се повлече од воениот договор, според кој пшеницата од Украина требаше безбедно да стигнува до државите во Африка, Азија  и на Блискиот Исток.

Се покажа дека земјите кои увезуваат пшеница , најдоа други  снабдувачи, вклучувајќи ја и Русија  која- за да контрира- сега својата пшеница ја продава по пониска цена , од онаа пред да ја почне освојувачката војна против Украина.

Во исто време, цените на месото, на млечните производи и на растителното масло се намалени во однос на 2022 година. Цената на маслото за јадење што е главниот извозен производ на Црноморскиот регион, каде дојде до рекордно поскапување, по руската инвазија на Украина,  се најдоа на најниско ниво во последните три години.

ФАО оценува дека причина за ваквата состојба е брзата реорганизација на пазарот и подобрените глобални залихи.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе