Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Путин доделува државјанство за одење на фронт

Путин доделува државјанство за одење на фронт

Владимир Путин потпиша нова уреедба за доделување руски државјанство, според која странските платеници кои како руски војници војуваат против Украина , можат по забрзана постапка да станат државјани на Русија и да се стекнат со руски пасош.

Платениците ќе имаат право да поднесуваат барање за руско државјанство , иако немаат дозвола за постојан престој, ниту работа во Русија. Тие исто така може да аплицираат без да знаат руски јазик, што инаку е обврска во вакви случаи, ниту пак да ги познаваат  руската историја и руското законодавство.

Затвореник или „доброволец“ на фронт

За руската Дума ( долниот дом на Парламентот) ова претставувало можност  да се надминел проблемот  со (евентуалната)  екстрадиција на платениците , или со нивно веројатно судење , доколку би се се вратиле  во земјите од каде дошле за да војуваат на руска страна на украинскиот фронт – во кои војувањето како платеник, за друга земја, се третира како кривично дело.

Освен тоа, со новата претседателска уредба, сите странци кои се наоѓаат во руски затвор, можат да се извлечат од таму, доколку се пријават за војска- за фротот против Украина- тие ќе бидат веднаш амнестирани.

Сепак, за да се случи тоа овие „доброволци“ како што се означуваат во измените на законите, ќе мора претходно да потпишат договор за војник-платеник на рок од три до пет години. Како некаква екстра награда им се нуди   можноста- како платеник на договор- да се стекнат со правото- забрзано да дојдат до руско државјанство.

Противење на Кубанците и Непалците

Сето ова се случува откако се откри дека Русија – насила- ги мобилизира за фронт, странските работници кои таму се дојдени за да да работат и за да заработат пари кои потоиа ги испраќаат на своите блиски во државите од каде потекнуваат.

Главно, станува збор за странци од државите кои станаа независни по распадот на СССР, но случајот ( свесно, или по грешка) го открија Кубанците кои се дојдени во Русија, само од економски мотиви и тоа организирано, преку разни агенции во Хавана кои испраќаат кубански работници на работа во странски земји.

Овие први објавија дека руските власти ги уценувале со протерување од Русија, доколку одбијат „доброволно“ да се пријават како војнци-платеници за фронтот во Украина.

Непал беше втората земја којка ја провали оваа руска тактика за прибирање војска за фронт, откако поголем број Непалци се пошалиле кај своите власти за уценувањето со депортација, доколку се одбие одењето во војна. Владата во Катманду, има вложено и протест, а потоа одлучи повече да не издава дозволи на непалски граѓани за работа во Русија.

Војската составена од етничките  малцинства

Сите вакви мерки на Кремљ имаат за цел да се одбегне нова мобилизација на Русите- воени обврзници која се покажа како крајно непопуларна мерка, бидејчи после првите две , дојде до масовно бегање од Русија на сите кои требаше да бидат мобилизирани за војната

Иако во руската јавност, се уште  се толерира путиновата војна против соседна Украина, без разлика што  подршката постојано се намалува, отпорот на руското население да се оди на фронт станува се посилен. Особено кога се знае дека досега над 250 илјади руски војници се загинати во војната.

Младите Руси кои побегнале во странство, пред да бидат собрани за фронт, јавно зборуваат дека не сакаат да војуваат затоа што знаат дека никој не ја загрозува Русија и никој не сака да ја окупира. Токму деновиве во Москва, на „Црвениот Плоштад“ се собраа мајки и сопруги на протест барајќи враќање на нивните синови и сопрузи.

Една анализа која е направена покажува дека најбројни во руската војска стануваат припадници на разните етнички малцинства кои живеат во Русија, а пред сите, тоа се Бурјаците и Дагестанците.

(М.Р.)

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе