Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Каде е главниот командант на руската армија?

Каде е главниот командант на руската армија?

Генералот Валериј Герасимов, началник на Генерал-штабот на руската армија не е виден во јавноста од почетокот на оваа година, што веднаш предизвика разни коментари во домашнат и во европската јавност.

Тој е  главен командант на армијата на фронтот во Украина, во време кога војската е заглавена на целиот украински Исток, кого уште од времето кога Владимир Путин му ја довери тешката задача да командува во војната, која од почетокот не оди според плановите, остро е критикуван  за неуспесите на војската.

„Кабинетски генерал“

Прво од сега ликвидираниот бунтовен лидер на паравојската на Вагнер, Евгениј Пригожин , што беше создадена токму од Кремљ, (велат) без согласност на армискиот врв, а потоа и од генералот Сергеј Суровкин, кој само шест месеци раководеше со операциите во Донбас.

Поставен од Путин, овој „херој од Сирија“ после само 180 денови беше грубо тргнат од позицијата, за да биде заменет од Герасимов.

За него, пак, велат дека е „кабинетски генерал“, дека е ученик на старата советска школа и дека не се снаоѓа во една ваква, освојувачка војна, неможејќи притоа да воспостави ниту ред и дисциплина во редовите на војската.

Токму во времето од кога го нема Герасимов – српските платеници во руската војска се пожалија- јавно- дека имаат поголеми проблеми и гинат од војниците на војската за која војуваат, отколку од Украинците. И за тоа никој од Кремљ не реагираше. Дури се тврди и дека таа „жалба“ е пуштена со знаење и одобрување.

Загинат или сменет

За Герасимов се зборува дека загинал во еден украински напад врз позициите на Крим, на почетокот од јануари, за што се пишува и на руските социјални мрежи. Според руски Телеграм , тој бил на командното место за време на тој напад и дека таму е  убиен.

Западните медиуми кои веќе подолго време ги проверуваат сите информаци  кои доаѓаат од руските медиуми и од социјалните мрежи- немаат конкретен доказ дека Герасимов загинал, па затоа западни експерти- безбедноси и политички – се прашуваат зашто Кремљ молчи и не реагира на сите вакви гласини во врдка со првиот човек на армијата.

Последен пат, тој е виден жив пред крајот на декември како дели признанија на воени старешини за „успешното заземање на градот Маринки“ во Донецката област,што инаку е до темел разурнат, на снимени материјали на државната агенција РИА-Новости.

Молк на Кремљ

Аналитичарисега сметаат дека Кремљ молчи за судбината на Герасимов ( каква и да е таа) затоа што Путин е – „загрижен дека Киев, во оваа фаза од војната, активно ги таргетира воениот врв и високите воени старешини од командата на војската.

Во јуни и јули изминатата година, кога после побуната на Пригожин, генералот Герасимов исто така го снема од јавноста, се зборуваше дека е сменет- затоа што силите на Вагнер, мирно и без отпор напредуваа кон Москва, во т.н. „Марш на правдата“ , доаѓајќи на 200 км. од Москва.

Станува збор за „марш“ во кој вагнеровци и Пригожин бараа смена на Герасимов и на министерот за одбрана Сергеј Шојгу- за лошото раководење со војната во источна Украина.

После таа операција , која се покажа неуспешна, ги снема  и Герасимов и Суровкин, кој не можеше да се смири со тоа дека стана заменик на началникот на генерал-штабот кого го има критикувано за „старомодно војување“.

За Суровкин се појавија и тврдења дека е меѓу генералите кои застанале зад Пригожин во неговиот бунт, што на крајот излезе дека (практично) бил насочен кон самиот Путин кој очигледно мешетари со војската- во стилот раздели и скарај, па владеј.

Чистка во армиските редови ?

На крајот излезе дека Суровкин знаел за плановите на Пригожин кој самуверено тргна во една самоубиствена операција- верувајќи дека Путин се му дозволува и надевајќи се дека најважните генерали ќе го подржат за да се сменат Герасимов и Шојгу.

Работите, меѓутоа, се сменија – преку ноќ. Путин увиде дека, сепак,  не треба премногу да ја бранува војската , па ги остави  јавно критикуваните воени функционери. Потоа, пак преку Телеграм, се разбра дека во текот на летото се спроведувала чистка во руската армија.

После една таква операција јавноста дозна дека еден од најперспективните генерали од помладата генерација, Олег Цоков загинал во Украина, дека еден друг респектиран генерал (Иван Попов) наеднаш го снема во јавноста, а дека третиот – Суровкин е на „продолжен одмор“, но во секој случај тргнат од армијата.

Сето ова, и во Русија и надвор од неа, се смета како доказ дека во врвот на војската нема  координација, кога така лесно гинат генерали, но и  длабоки несогласување околу војната,

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе