Поврзете се со нас

Skopje Global

Западен Балкан

Србија ги протерува Русите кои се против Путин

Србија ги протерува Русите кои се против Путин

Стотина илјади Руси кои побегнаа од својата земја кога Владимир Путин ја покрена инвазијата врз Украина, но бегајќи и од неговиот режим, ја одбраа Србија за локација во која времено, или трајно ќе се населат. Веруваа  дека станува збор за земја што  ја сметаа дека е пријателски наклонета кон Русите.

Последните седум, осум месеци, меѓутоа, некои од нив се присилени да бараат ново засолниште и нова , попријателски наклонета средина, затоа што од Србија ги протеруваат, прогласувајќи ги за  безбедносно и политички неподобни и опасни за српската државна безбедност.

Таквите Руси добиваат решение од полициската управа на Белград во кое им се остава време од најмногу 30 денови да ја напуштат земјата.

Изгон без објаснување

Во решението , според искажувања на протераните , не се објаснува  зошто се опасни за безбедноста на Србија, кога ништо немаат направено што е спротивно на српските закони. Посебно на оние прописи со кои се определува кога и зашто се протерува еден странски државјанин.

Кога некој од нив ќе се обиде да ја истера правдата- па се жали до Управниот суд- од таму редовно стигнувало истото решение- дека им се одбива жалбата- без образложение. И во оваа постапка никој не објаснува зошто Русите се виновни и опасни  на српска територија.

Успеале само накако да добијат објаснување дека никој ( во Србија) не е должен да им каже зашто се протеруваат и зашто мораат за заминат, па дури ниту Управниот суд, од каде  им било предочено дека судот морал да постапи според решението на српската тајна служба (БИА). Таа определува кој е опасен за државата , па треба да биде протеран.

БИА како филијала на ФСБ

Тоа би било прифатливо како легално право на една земја да се грижи за својата внатрешна безбедниост, доколку зад тоа не се крие српско-руската дружба и  силното политичко партнерство на Белград и Москва.

Но, над се, поврзаноста на БИА со двете главни руски разузнавачки агенции- ФСБ (екс КГБ) и СИВ. Таа побрзаност, според  објаснувањето на протераните,  прави српската тајна служба на територијата на Србија да делува во функција на ФСБ. Контролирајќи ги руските бегалци општо, а посебно оние кои се политички активни.

Европските и белградските медиуми, тврдат дека Србија  и Белград се полни со руски разузнавачки оперативци , но се потсетува дека валканата работа- да се прислушуваат Русите, да се следи нивното движење и да се надгледуваат  средбите и контактите кои ги имаат- сепак, ја спрведувала БИА.

Според медиумите, после таквите операции руски државјани- бегалци во Србија се соочиле да бидат малтретирани од српските власти. Запрени на аеродромот во Белград,  при обидот за влез во Србија, да им биде одземено претходно даденото право за престој, или да не им се дозволи натамошно останување на српска територија.

„Неподобни и опасни“

За Владимир Волкохонски властите имаат речено дека претставува „неприфатлив безбедносен ризик“ за Србија. Евгениј Ирженски бил  протеран  како „опасен“ за земјата-домаќин , по што тој наместо (безуспешно да се расправа и убедува по судовите) се префрлил со сопругата  да живее во Црна Гора.

Лидерот на, за Србија крајно неопасното и маргинално Руско демократско друштво, Петер Никитин кое делува во Белград, постојано е на удар на властите, како „опасен“ . Изминтото лето тој бил задржан и притворен на белградскиот аеродром, за да подоцна му се дозволи влез во Србија.

Тој и ги има откриено постапките на српските власти кон Русите кои не се согласуваат со политиката на Путин, во врска со војната и освојувањето на Украина, така и за тоа како деспотски владее со Русија 23 години. Според Никитин, само тоа е причината зашто овие луѓе се „неподобни и опасни“ за да живеат во Србија.

Така треба да се третира и најновиот  случај на протерување, за кој се смета дека е  апсурден, затоа што е наредено, за 30 денови  од Србија да си оди и Елена Копосова, инаку руско/српски преведувач, која во земјата е веќе четири години.

Протерана за потпис на анти-воен проглас

Таа е дојдена пред војната,  заедно со сопругот и двете деца. Имаат изградено свој нов дом во околината на Белград и се надвор од секаква политика- како руската, така и српската. Сега сопругата  ќе мора да се раздели од семејството, бидејќи  за другите во семејството нема одлука за протерување.

На белградските медиуми оваа Русинка им има објаснето дека семејството заминале од Сенкт Петербург, каде продале се што имале и одлучиле да се населат во „братска и пријателска“ Србија. Но, кога неодамна побарале дозвола за постојан престој, стигнало решение дека Елена Копосова не може повеќе да престојува во Србија.

Таа верува дека станува збор за казна ( од страна на Москва)  затоа што пред две години има потпишано еден анти- воен проглас, залагајќи се за запирање на војната со Украина, а тој проглас бил ставен на Фејсбук.

Во Руското демократско друштво сега настојуваат да и помогнат, но велат дека српско/рускиот разузнавачки договор против руските бегалци, станува се пожесток кон избеганите  противници на рускиот режим.

Откритието на Кара-Мурза

За Никитин и Волокховски велат дека  се знае дека се политички активни. Тие се против Путин и неговата војна од која страдаат Украинците, но и Русите. Меѓутоа, потсетува дека Ирженски беше само органзатор на концерти на руски групи и пејачи во Бекград, „

„Опасното“  за Србија беше што тие пеат песни кои се анти-Путин, во кои ја критикуваат војната и руската политичка реалност, во која нема демократија. „Гревот“ , пак, на Копосова е што се потпишала на анти-воен проглас, заедно со уште триесетина други Руси кои се во Белград, како и тоа што го познава Никитин.

Европските медиуми потсетуваат дека првите сознанија за кодошката функција на БИА, која ги прогонува избеганите Руси, за сметка на Кремљ и руските тајни служби, ги објави рускиот дисидент, остар политички критичар на Путин и неговата власт, Владимир Кара -Мурза, сега затвореник во казаматите во Сибир- како и Алексеј Навални.

Орден од Путин

Кара-Мурза кој е близок соработник на поранешниот олигарх и политички осуденик Михаил Ходорковски и на наговиот Центар за демократија, со седиште во Лондон, пред повеќе од две години престојувал  во Белград, каде два дена разговарал со луѓе од руската опозиција во егзил.

Набргу потоа, некои од учесниците на разговорите се уапсени од руските власти, а на крајот тоа му се има случено и на Кара-Мурза. Беше осудена на 20 години затвор, а од скоро е префрлен во арктичкиот регион.

Претходно, тој посочи дека српската тајна служба, на барање на руската, ги прислушувала сите нивни разговори во Белград, а  се што разговарале, како транскрипт, им е дадено на Русите. Тогашниот директор на БИА, Александар Вулин лично ги има однесено во Москва за да му ги предаде  на шефот на сите  руски тајни служби Николај Петрашев, еден од моќните во Кремљ.

За таа верност кон Русија, Вулин кој повеќе не е директор, е одликуван со орден  од разузнавачката служба СИВ , но и од Владимир Путин.

(Д.Б.)

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Западен Балкан

Горе