Поврзете се со нас

Skopje Global

Трендови + Општество

Виена подобра од Мелбурн

lbryan/BigStock.com

Виена подобра од Мелбурн

Главниот град на Австрија, Виена е избрана за најдоброто место за живеење во светот, симнувајќи го од првото место австралискиот град Мелбурн, кој седум години по ред, беше прогласуван за град во кој лугето најдобро живеат.

Ова традиционално рангирање , во кое годинава беа вклучени и истажувани 140 градови на сите четири страни од светот, го спроведува истражувачката единица на британскиот неделник „Економист„ . Рангирањето се прави според низа фактори, како политичката и општествената стабилност, степенот на криминал, образованието и достапноста на лугето до здравствената заштита. Ова е прв пат, еден европски град да биде рангиран како најдобар.

Меѓу првите десет, Виена и Мелбурн ги зазедоа првите две места, а потоа следат- јапонскиот град Осака, канадскиот Калгари, па Сиднеј во Австралија, уште еден град во Канада, Ванкувер, па јапонскиот главен град Токио, канадскиот Торонто, главниот град на Данска, Копенхаген и австралискиот град Аделеид. Тоа значи дека десете најдобри градови за живеење, според „Економист„  се наоѓаат – по три во Австралија и Канада и по два во ЕУ и во Јапонија.

Истражувачите имаат изготвено и листа на најлошите места во светот, одново тргнувајќи од критериумите што беа употребени и за најдобрите. На оваа листа, меѓу првите десет,  дури шест  градови се наоѓаат во Африка.

Прв на листата на најлошите, сепак, се наоѓа на Блискиот Исток, тоа е Дамаск, главниот град на Сирија, земја која седум години е зафатена со граѓанска војна. На втората позиција е главниот град на Бангладеш, Дака, најмногу поради крајно лошите безбедносни услови и бројните убиства што ги извршуваат припадници  на разните религиозни и криминални банди, каде како жртви, најчесто се обичните луге , а не ретко и странците. Потоа следуваат, најголемиот град во Нигерија, Лагос, па пакистанскиот Карачи и градот Порт Моресби во Папуа-Нова Гвинеја. Шестото и седмото место им припадна на главниот град на Зимбабве , Хараре и на либискиот главен град Триполи, а на дното на листата од првите десет, се Дуала во Камерун, Алжир и сенегалскиот главен град Дакар.

(К.П.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Трендови + Општество

Горе