Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

„Мајката“ на Хари Потер се излекувала дома

s_bukley/Bigstock.com

„Мајката“ на Хари Потер се излекувала дома

Британската писателка Џ.К.Роулинг, автор на серијата романи за Хари Потер – објави на Твитер дека успеала да се излекува, во домашни услови, од како што вели, веројатната заразеност од коронавирусот.

Таа тврди дека била две недели во домашен карантин и во тој период применувала посебна техника на дишење, во што многу и помагал нејзиниот сопруг, инаку британски лекар.

„Иако не бев тестирана, во тие 14 денови ги имав сите симптоми на заразата со овој вирус“- напишала на оваа социјална мрежа популарната писателка, позната во јавноста како „мајката“ на Хари Потер, главниот лик во сите нејзини романи.

Во посебна видео снимка , таа ја споделува техниката на дишењето што, инаку, ја советуваат лекарите, која таа вели дека и помогнала за да ги ублажи симптомите од кои страдала во текот на болеста.

Роулинг (55) е уште една позната личност која открива дека се излекувала од последиците на коронавирусот , настојувајќи со својата исповест да помогне да се тргне стигмата за заразените.

 

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе