Поврзете се со нас

Skopje Global

Култура

„Изгубениот град“ откриен после 3000 години

[email protected]/Depositphotos.com

„Изгубениот град“ откриен после 3000 години

Египетските археолози го открија т.н. Изгубен златен град, што останал сочуван, закопан во песокот, три илјади години.

Градот е пронајден во близината на денешен Луксор, каде се наоѓаат и остатоците од староегипетскиот град Карнак, храмот на кралицата Хатсепшут, како и Долината на кралевите, односно гробниците на неколку од најпознатите фараони.

„Египетската научно-истражувачка мисија, под раководство на др. Захи Заваса го пронајде градот што се мислеше дека е изгубен под песокот во пустината“ – се вели во официјалното соопштение на тимот од археолози.

Она што сега се знае е дека овој град потекнува од пред три илјади години, од времето на фараонот Аменхотеп Трети и дека му бил познат, а бил посетуван и од младиот Тутанкамон.

Археолозите во Египет, но и низ светот, во првите реакции имаат речено дека станува збор за „најголемото откритие од времето на Стариот Египет, после откривањето на гробницата на фараонот Тутанкамон, во дваесеттите години на 20 век“. Градот бил познат по името Атон.

При откривањето на првите ископини од „златниот град“ археолозите имаат пронајдено разни предмети за домаќинството, изработени од обоена керамика, како и накит и украси. Куќите кои се појавиле пред археолозите биле изработени од цигли, од кал и сите носат печат на Аменхотеп Трети.

Потрагата по овој „изгубен град„трае од поодамна и многу странски археолошки експедиции се обидувале да го пронајдат – сите верувајќи дека тој постои – но тоа досега никому не му успеало.

Египетските археолози го означуваат и како досега најголемото откритие во Египет.

Ископувањата почнале пред седум месеци, на почетокот од септември минатата година. Се ископувал просторот меѓу храмовите на фараоните Рамзес Трети и Аменхотеп кај Луксор, на околу 500 километри јужно, по Нил, од главниот град Каиро.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Култура

Горе