Поврзете се со нас

Skopje Global

Убиство на пратеник во Британија

Вести

Убиство на пратеник во Британија

Убиство на пратеник во Британија

Долгогодишниот пратеник на британската Конзервативна партија Дејвид Ејмес (69) е убиен, откако бил нападнат и неколкупати избоден со нож, за време состанокот со граѓаните во својата изборна единица во англиската област Есекс.

Нападот се случил во малото место Leigh-on-Sea, на југот од Англија, во локалната методистичка црква. Полицијата соопштува дека напаѓачот бил уапсен, уште на самото место. Станува збор за 25 годишен млад човек. Тој е идентификуван како Али Харби Али и 24 часови по апсењето е  осомничен и задржан во притвор, според законот за борба против тероризмот.

Ејмес е долгогодишен пратеник во Долниот дом на британскиот Парламент.

Во Вестминстер е уште од 1983 година и важи за конзервативен ториевец кој остро се спротивставува на правото на жените за абортус, иако е познат како пратеник кој се грижи за подобрувањето на социјалната положба на граѓаните. Британските медиуми ја истакнуваат неговата посебна посветеност за заштитата на животните.

Ова не е прв пат, во поново време, да се нападне и убие британски пратеник, додека престојува во својата изборна единица.

Во 2010 година , во својата пратеничка канцеларија беше избоден со нож лабуристичкиот пратеник Стивен Тимс,  меѓутоа, тој го преживеа нападот.

Во 2016 година, во екот на распалената анти – ЕУ пропаганда, во време на кампањата за Брегзит на неколку денови пред референдумот, беше убиена  младата пратеничка на Лабуристичката партија, Џо Фокс која остро се спротивставуваше на излегувањето на Британија од ЕУ. Таа беше нападната и брутално застрелана, па избодена со нож, од припадник на англиската крајна десница – приврзаник на националистичкото движење „Британија на прво место“.

Сегашниот напад врз Ејмос, се поврзува исто така со политичкиот фанатизам, овој пат со исламскиот екстремизам. Според владини извори, на кои се повикуваат весниците во Лондон, уапсениот е британски државјанин, од сомалиско потекло.

Истрагата за тешкиот инцидент е предадена на одделот за борба со тероризмот при Скотланд Јард, но побарана е помош и од  контраразузнавачката агенција МИ5. Некои медиуми тврдат дека станува збор за „успиен“ терорист кој се покренува откако ќе добие наредба да дејствува, што значи дека постои сомнеж за постоење на поширок заговор.

Лондонскиот неделник „Сандеј Тајмс“ во неделата откри дека уапсениот убиец, Али Харби Али не е некоја „изгубена душа“, заскитана на Западот, туку дека е син на поранешен политички советник на премиерот на Сомалија.

Во изјава за овој весник таткото, Харби Али Кулане само рекол дека не може да поверува дека неговиот син, можел да изврши вакво нешто- да убие човек и да се наоѓа во  затвор.

Според неделникот, убиецот кој е осомничен за тероризам, претходно бил вклучен во програмата на британската влада за попречување на радикализацијата кај младите (муслимани). Тој, меѓутоа, не бил на листата на тајните служби како потенцијален терорист.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе