Поврзете се со нас

Skopje Global

Македонија

Скопјани избраа кметица

Aleksandar Kyng/Unsplash

Скопјани избраа кметица

Познат е резултатот од локалните избори во Скопје, според кои жена ќе го предводи главниот град на државата, што од аспект на родовата еднаквост, треба да претставува чекор напред. И, само тоа – дека станува збор за жена која освои повеќе гласови и го совлада досегашниот градоначалник, како и дека победата е извојувана на Халовин (на денот на вештерките, за оние кои веруваат во тие работи), ништо друго, поврзано за неа, не е точно, искрено и чесно кон гласачите.

Лажно е дека таа беше независен кандидат, затоа што беше кандидат на вмровците, со кои е од почетокот на нивната режимска власт (лето 2006 – до 1 јуни 2017 година, кога шест месеци по изборите не сакаа да ја предадат власта што ја загубија). Од тие години на деспотија, на погазена демократија и на целосно заробена држава, победничката на скопските избори се има солидно офајдено.

Човек на режимот

Како економски – материјално, преку (велат) десетина разни фирми, преку земање во закуп на државни објекти што се оставени да пропаѓаат, така и политички. Беше наградена со функција од режимот – да води вмровска (стопанска) комора за фирми под партиска контрола и за потребите на (тогаш) семоќната партија.

Комора која беше создадена да биде паралелно тело, како и се друго што деспотот креираше – за времето кога некогаш ќе ја загуби власта, па преку дуплите синдикати, комори, новинарски здруженија и разни дупликат сојузи и организации – тој и неговите вмровци да можат да војуваат за да се вратат на власт. Сето тоа смислено и спакувано, откако претходно, создаде своја нова, вмровска елита, од наградените за нивната „вечна “ лојалност, во која спаѓа и жената што ќе го води Скопје.

Лажно е и нејзиното тврдење дека е аполитична и дека нејзе (наводно) ја водат само интересите на граѓаните и потребите и развојот на градот.

Станува збор за популистички пароли што инаку секој ден ги продава во јавноста нејзиниот газда – кој ја води скопската вмровска партија, додека не си дојде дома – слободен и рехабилитиран, вистинскиот партиски лидер – избеган во Будимпешта и чуван од тамошниот деспот Виктор Орбан.

Политички пораки

Лажно е тоа затоа што и во изјавата по првиот изборен круг, а и по вториот, таа даваше политички изјави – непримерни за – вистински независен кандидат.

Првиот пат, дека нејзиното водство е знак за „политичките промени што ќе престојат“, а во вториот случај – со праќањето гласна порака дека нејзината победа треба да е знак за „премиерот на заминување“.

Во лажната слика што се изгради, таа и нејзините вмровци на јавноста и ја продаваа приказната за Загреб, како модел за градоначалник – независен кандидат, што исто така е лажна и служи само за замајавање на народот и за да им се продава на новинарите и на медиуми – најголем број провмровски определени.

Затоа што таму станува збор за вистински независен кандидат, а не за филијала на партијата ХДЗ, или на опозициската СДП. Тој нема дадено политизирана изјава, а победи после повеќе од 20 години на Милан Бандиќ, како градоначалник на хрватскиот главен град. Обременет низ сите тие години со бројни афери, криминални случаи и обвинувања. Дури едно време беше и во притвор и му се судеше.

Државјанка на две држави

Врв на лажењето пред и за време на изборите беше намерата да се сокрие од народот дека победничката на изборите – со гласовите од вмровските послушни гласачи и од дежурните критизери кои секогаш прво одмеруваат како може лично да се офајдат, пред да гласаат – е државјанка на две држави. На Македонија и на Бугарија и дека има два пасоши – македонски и бугарски, како и големото мнозинство вмровци.

Познато е дека за да се стане бугарски државјанин е потребно да се докаже дека барателот има бугарски корени, односно да се покаже дека има бугарско потекло и дека станува збор за „бугарин по род“. Што значи дека скопјани, заедно со вмровската дружина – избраа „Бугарка“ за свој градоначалник, или според бугарската политичка терминологија – избраа КМЕТИЦА!

Така во соседна Република Бугарија се нарекуваат градоначалниците.

Но, како што покажа една неодамнешна одлука на тамошниот Уставен суд, во соседството не може да се биде на функција, доколку некој е државјанин на странска земја. Таму не може да се биде и кмет на еден град, а да живеете и да сте жител на друг, како што избраната кметицз на Скопје, Анела Арсовска има жителство на бугарскиот град Петрич. Тоа и било потребно за да побара и да добие бугарска лична карта, која пак треба за да се добие бугарски пасош.

Жителство во два града

Случајно или не, жителство на овој мал пограничен град во југозападна Бугарија, имаат и најблиските роднини на сопругата на лидерот на скопското вмровско друштво. Тој, инаку, секој ден продава „патриотизам“ и им држи лекции за наводно „предавство“ на оние кои сакаат договор со Бугарија.

Оние кои се залагаат за постигнување вистински европски договор со Бугарија – за да еднаш за секогаш се спогодиме со Софија – за да нема ОДРОДУВАЊЕ на Македонците, или барем на оние кои ВИСТИНСКИ така се чувствуваат – за еден обичен пасош.

Без притоа да ги мешаме коските на Гоце Делчев и без да се сеќаваме на македонските партизани само кога тоа е потребно за политички потреби – за дисквалификација на политичките противници, како што прават скопските вмровци. Тие истите кои, инаку – не така одамна – партизаните од Македонија ги нарекуваа „србо – комунисти“. И, најпосле да живееме како добри соседи – какво и да било минатото.

Случајот на новоизбраната скопска кметица, меѓутоа, има и поголема тежина – историска и политичка – од нејзиното одродување и предавството кон сопствената нација.

Побугарчување и на роднините

Ако тоа може некако да помине кај обичните луѓе – етнички Македонци кои наеднаш откриле дека се „бугари“ – за да дојдат до пасошот на Република Бугарија за да заминат на работа во ЕУ – без да се грижат дека за бугарските власти тие се – етнички “бугари“ – тоа не може да помине и кај скопската кметица. Затоа што таа беше во трката за една политичка функција.

Освен тоа, одново се отвора прашањето дека овие новокомпонирани „бугари“ ги имаат побугарчено и своите родители и целиот род пред нив. Едноставно, не може кметицата да стане бугарка по род, а другите нејзини најблиски да останат етнички Македонци – особено кога се од исти родители. На тој мачин стануваат многу повеќе.

Не е тука битен пасошот, како што вмровскиот лидер неумесно се бранеше во случајот кога – бугарските медиуми открија дека тој, всушност, е бугарски зет, туку тоа дека оној што го поседува пасошот ТВРДИ дека има бугарски корени.

Арсовска као се заканува дека ќе ги тужи – (а, за што) – оние што открија дека постојано лаже. Нејзиниот вмровски шеф, пак, обвинува дека станувало збор за „подметнување и за лажни тврдења“, уште еднаш покажувајќи непознавање на некои елементарни работи

Во Бугарија во ек е предизборна кампања, па затоа се отворени избирачкте спискови за сите бугарски државјани и дека некои работи кои се кријат од СОПСТВЕНИОТ НАРОД – ќе се појават на виделина. А, конечно, дека со својата реакција, за одбрана на кметицата, призна јавно колку таа е лажно „независна“.

Повторување на историјата

Како и да е – скопјани избраа и добија (после точно 80 години) бугарски кмет, како во времето на Втората светска војна, кога Трајко Китинчев, беше бугарски кмет на Скопје, поставен од бугарската администрација, откако беше анектирана тогашната Вардарска бановина, во Кралство Југославија (денешната територија на Република Северна Македонија), приклучувајќи ја кон „Целокупна Бугарија“. Само затоа и софиската царска влада се определи да и биде сојузник на нацистичка Германија.

Човекот, инаку, не бил донесен од Бугарија. Бил овдешен, бил македонски Бугарин кој ја прифатил „новата реалност“ дека територијата што сега ја нарекуваме Македонија и си ја сакаме како наша држава – била приклучена на бугарската државна територија.

Таквата (нова) реалност ја има прифатено и еден „револуционер“ – прилепчанецот Методи Шаторов – познат по прекарот Шарло – кој целата партиска организација, на македонските комунисти – ја има приклучено кон Бугарската комунистичка партија (БКП). Избеганиот вмровски лидер кој ја раководи вмровската партија од Унгарија – му подигна споменик во среде Скопје – како на еден од „знаменитите патриоти“.

Кметица среде преговорите со Софија

И, каде се сега – „загрижените патриоти“ кои јавно ја судат актуелната влада дека (наводно) ги предавала македонските национални интереси и уште ја преправала нашата историја. Ги нема никаде – само покажаа колку се тие лажни. Со тоа што не реагираа на откритијата од Софија за Арсовска. Згора на се, уште и ја наградија со тоа да го раководи главниот град на државата.

Излегува дека овде, одродувањето за бугарски пасош, се смета за „патриотски чин“, додека настојувањето тоа да се запре, па оние кои сакаат да одат во Европа, да одат како Македонци, со македонски пасош – се третира за „предавство”!?

Така некако реагираа и од Софија. Таму скопската кметица ја бранат дека власта ја дисквалификувале во изборната кампања, ЗАТОА ШТО СЕ ДЕКЛАРИРАЛА КАКО БУГАРКА.

Во секој случај, со помош на гласовите на скопјани, успеа планот (западни експерти велат дека е од Русија) – во екот на тешките преговори на Скопје со Софија – главниот македонски град – да има кмет, деклариран како Бугарин по род.

Не веќе важно што таа е Бугарка, ако мисли дека има такво потекло. Битно е што избраната кметицата цело време – лажеше. Во демократски општества, вистински демократи и чесни политичари за тоа заминуваат од функцијата.

Скопје/Глобал

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Македонија

Горе