Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Мнозинството Канаѓани не ги сожалуваат невакцинираните

Ale_Mi/Depositphotos.com

Мнозинството Канаѓани не ги сожалуваат невакцинираните

Мнозинството Канаѓани не би ги сожалувале лицата кои не се вакцинирани и кои одбиваат да се имунизираат, доколку се заразат и заболат од коронавирусот, или дури и ако починат од последиците на Ковид – 19.

Вака се изјасниле над 54 отсто од учесниците во обемната анкета што е спроведена во Канада. Други 61 отсто изјавиле дека на тие луѓе не би требало да им се признаат трошоците за лекување од здравственото осигурување – ако немаат примено никаква вакцина против короната.

Дури 27 отсто Канаѓани се изјасниле дека антиваксерите и лицата кои не се вакцинираат, треба да се уапсат и да им биде определена затворска казна. Според ова истражување, 66 отсто од жителите на Канада изјавиле дека би ги натерале на сила, да се вакцинираат сите кои се постари од пет години.

Во исто време, големо мнозинство од 77 отсто сметаат дека невакцинираните не би смееле да имаат пристап во јавни простории од секаков вид и за секакви потреби, доколку продолжат да одбиваат да се вакцинираат.

Оваа анкета покажува дека во Канада, како и во низа земји од западниот свет, станува голема поларизацијата на населението кога е во прашање вакцинацијата, како и тоа дали таа да биде задолжителна. Односно – дали треба да има ограничување за оние кои одбиваат да се вакцинираат – од било која причина – а нема за нив никаква здравствена пречка да се имунизираат.

Анкетата се појавува откако во канадската провинција Квебек тамошните власти воведоа задолжителна, специјална такса – партиципација, која мора да ја платат сите невакцинирани, при користењето на здравствените услуги во јавното здравство.

Над половината од хоспитализираните пациенти во оваа провинција немаат примено ниту една вакцина.

Таквата состојба, веројатно е присутна и во другите делови од земјата, па затоа е видлив револтот во анкетата на, очигледно, поголемиот дел од канадска јавност која бара од владата строги мерки кон оние кои одбиваат да се вакцинираат. Тој гнев е посебно силен кон антиваксерите кои продолжуваат (главно на интернет) да агитираат против имунизацијата.

Канада сега одново е погодена од налетот на новиот вид на короната Омикрон со кој се борат епидемиолошките власти. Земјата има висок процент на вакцинирани со две дози, но сепак, не мал број од Канаѓаните се невакцинирани и продолжуваат да се спротивставуваат. Се смета дека анкетата може да и помогне на федералната влада за преземање порадикални мерки против невакцинираните.

(О.К.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Вести

Горе