Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Франција: Азил за храбрата новинарка од Русија

"President Emmanuel Macron speaks at the" (CC BY-NC-ND 2.0) by Paul Kagame

Франција: Азил за храбрата новинарка од Русија

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција и нуди заштита и политички азил на Марина Овсјаникова, храбрата уредничка на рускиот државен телевизиски канал која во текот на емитувањето на централниот Дневник – Времја – упадна во програмата со транспарент против војната во Украина.

Макрон притоа рекол дека ќе го предложи ова решение „на директен и многу конкретен начин“ – на Владимир Путин во текот на следниот телефонски разговор што францускиот претседател ќе го има со рускиот претседател.

Макрон против апсењето новинари

Овсјаникова веднаш по протестот е одведена од полицијата, уапсена и потоа испитувана 14 часови, оставајќи ја без спиење и одмор, практично, два дена.

Макрон го има осудено апсењето на новинарката, една од уредниците во информативната програма на Првиот канал на руската телевизија, што е под контролата на Кремљ – како што ги осудува и се спротивставува на сите апсења на новинари.

Случајот на Овсјаникова предизвика голем одглас во самата Русија, но и во демократската европска јавност, покажувајќи ја тажната состојба со слободата на медиумите во општеството и во системот на власта што го има изградено и се уште го гради Путин.

Портпаролот на Кремљ Дмитри Песков, меѓутоа, се обиде да го минимизира инцидентот, нарекувајќи го како “хулиганство“. Уредничката е, сепак, ослободена од затвор, откако е казнета парично – со 30 илјади рубљи (280 евра).

Протест против „ова лудило“

Но, се стравува дека нејзиниот случај нема така да заврши и дека таа би можела да биде и дополнително казнета, што во руското правосудство многу често се практикува и да биде обвинувана за многу посериозни работи – како што е обвинувањето за дејствување против државата, за што може да добие висока затворска казна.

По ослободувањето, таа има речено дека во текот на сослушувањето и казнувањето изјавила дека не се чувствува виновна за „организирање и поттикнување недозволени протести“.

Во протестната порака што оваа уредничка ја има претходно снимено таа ги повикува Русите да демонстрираат против војната што и е наметната на Украина и против – како што има речено – ова лудило.

„Не се плашете од ништо, излезете на протест, не можат сите да не уапсат“ – има речено Марина Овсјаникова.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Вести

Горе