Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

„Мариупол: симбол на украинскиот отпор“

darvik.photography/Depositphotos.com

„Мариупол: симбол на украинскиот отпор“

Мариупол, град во Источна Украина, на брегот на Азовско Море, врз кој сега е насочена руската армада, претставува „фиксација на Владимир Путин, затоа што претставува симбол на онаа Украина која му пружа силен отпор“ – изјави францускиот претседател Емануел Макрон, во интервју за неделникот „Поен“.

Според Макрон, насочувајќи се целосно кон реонот н Донбас, Путин на секој начин настојува да обезбеди некаква победа, што е можно побрзо и во секој случај до 9 мај, кога во Русија се одбележува победата над нацизмот во Втората светска војна.

Путин бара победа по секоја цена

„Едноставно, рускиот претседател се има одлучено да не се запира (во својот воен поход) се додека не оствари некоја победа во Украина. Таа му е потребна за него, самиот, затоа што веќе има сфатено дека никако не може да покори земјата“ – вели Макрон.

Францускиот претседател, затоа, смета дека малку верува во колективните напори (негови и на Западот во целина) – во еден пократок рок – да се натера Путин за вистински и целисходни разговори на преговарачката маса.

Макрон се наоѓа во екот на кампањата за вториот изборен круг против ултра – десничарката Марин Ле Пен, која важи за русофил на француската политичка сцена.

За неа се знае дека во 2014 година, по окупацијата и анексијата на Крим и украинските региони Донецк и Луганск, таа беше во Москва да му даде поддршка на Путин. Подоцна се откри дека таа има добиено руски пари за нејзината изборна кампања и за работата на нејзината ултрадесничарска партија.

Мали шанси за успешни преговори

Парите, инаку, беа примени преку една европска филијала на Сбербанката, која сега меѓу првите беше ставена под западните санкции, по инвазијата врз Украина. Ле Пен и за оваа кампања има барано зајмови за нејзината кампања, затоа што ниту една домашна банка не сака да и даде заем.

Францускиот претседател, пак, и во неделникот „Поен“ ја оправдува својата силна ангажираност за ставање крај на војната на украинската територија и за своите бројни телефонски разговори со Путин.

„Ако повеќе со никого не разговара, тогаш ние (Западот) нема да знаеме до каде може да оди и што натаму може да направи. Го уверував во разговорите дека кога ќе се влезе во кругот на насилството, најтешкото е да се знае – кога да се запре. Тоа е опасноста, но тоа е и закана да се навлезе во неповратноста (на војувањето)“ – рекол Емануел Макрон за овој француски неделник.

Во меѓувреме, ситуацијата во украински Мариупол, град кој некогаш имаше 400 илјади луѓе, а сега е целосни разурнат и (велат) срамнет со земјата, продолжуваат да се бројат мртвите.

Сомнежи за хемиски напад

Според воениот гувернер на Донецкиот регион, ситуацијата во опколениот град останува исклучително тешка. Тој име речено дека според прелиминарни податоци, досега во овој град, животот го имаат загубено меѓу 20 и 22 илјади лица.

Телевизиската мрежа Си – Ен – Ен која ја пренесува изјавата на овој воен гувернер, вели дека е невозможно,  воопшто, прецизно да се избројат загинатите и убиените, затоа што Мариупол е постојано изложен на безмилосното руско бомбардирање.

Постојат, исто така, информации дека во ноќта меѓу понеделникот и вторникот, од дрон биле исфрлано „непознато експлозивно средства“, за кое се сомнева дека станувало за хемиски напад, но дека гувернерот за тоа нема никаква потврда.

Засега ниту САД, а ниту НАТО имаат сознанија за употребата на забрането оружје за масовно уништување, во нападите на руските сили врз овој приморски град.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Вести

Горе