Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Кина: Жив човек најден во вреќа за мртовци

actionsports/Depositphotos.com

Кина: Жив човек најден во вреќа за мртовци

Жител на кинескиот град Шангај е пронајден жив во вреќа во која се сместуваат мртовци, пред да бидат погребени, откако по грешка бил прогласен за починат.

Грешката ја откриле двајца погребни работници кои починатите (главно од засилената пандемија со коронавирусот) ги сместувале во мртовечки сандаци. Во моментот кога се подготвувале да го сместат и „починатиот“, забележале дека во жолтата вреќа „нешто се движи“, а кога ја отвориле виделе дека човекот не е умрен.

Дописниците на Си – Ен – Ен од најголемиот град во Кина, јавуваат дека овој случај – во кој можеше да се случи да се закопа жив човек – го покажуваа хаосот во кој се наоѓа 25 милионскиот Шангај, погоден со најновиот бран на короната.

Неколкумина жители на околните згради со своите мобилни телефони успеале да го „уловат“ моментот кога работниците (во заштитна облека) ја отвораат вреќата со живиот „мртовец“ и дури да го снимат и нивниот разговор.

Видеото од овие снимки е ставено на интернет, на кинеските социјални мрежи, предизвикувајќи бурни реакции, во кои доминира ужасувањето и гневот поради хаотичната ситуација, за која луѓето од овој град ја обвинуваат власта, неспособна за да се справи со ситуацијата.

Еден од оние кои ја снимале сцената кога погребните работници го подигнуваат човекот од вреќата, снимајќи зборувал, па на интернет може да се разбере и неговиот коментар за тоа дека станува збор за човек од еден од локалните домови за стари лица во кои – како што рекол – хаосот е најголем, па така жив човек испратиле во мртовечница.

На кинеската платформа Веибо (идентична на Твитер) коментарите, главно, се сведуваат на тоа дека случајот ја открива неодговорноста на службите. Локалните жители уште се шокирани што тоа се случува во Шангај – град кој во Кина важи за најсовремен и со најуредни градски служби.

Други, пак, оценуваат дека случајот само открива каква е вистинската ситуација со пандемијата,  забележувајќи дека сето ова би можело да се категоризира дури и како „намерно убиство“. Особено затоа што централната власт во Пекинг и натаму инсистира на строг и суров карантин на кој е изложен Шангај, веќе неколку недели, а тој не дава резултати.

Властите подоцна го признале инцидентот, а поради сторената грешка низа одговорни лица – лекари и друг персонал – биле казнети и суспендирани од работа.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Повеќе во Екстра Глобал

Горе