Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Вилијам има плата од шест милиони фунти

Вилијам има плата од шест милиони фунти

Британскиот престолонаследник  Вилијам, принцот  од Велс, има годишна плата од безмалку шест милиони фунти, или приближно 7,2 милиони евра- покажува најновиот финансиски извештај за британкото кралско семејство.

Приходите и примањта за престолонаслдникот се уредени уште во 1337 година, со специјална повелба на тогашниот англиски крал Едвард Трети , според која кралот на својот најстар син  и наследник на круната му ги остава сите приходи од војводството Корнвол.

Пропис од 1337 година

Тоа не е изменето до денешен ден, па затоа во сите  700 години, од време во Средниот век, со титулата принц од Велс оди и титулата војвода од Корнвол, што сега ја има и Вилијам. Тоа било направено така за да не излезе дека престолонаследнокот е титулар на една земја, а финансиска потпора прима од друга.

Платата се обезбедува од годишните нето приходи  од имотите, од инвестициите , кко и од изнајмувањето на недвижен имот  што е во сопственост на круната од целото војводство Корнвол.

Ова прастаро правило за финансирање ( за плата) на престолонасленикот не се однесува само за принцот Вилијам, првиот син на Чарлс и почиатата принцеза Дијана, туку со оваа  привилегија се служел и доскорешниот Принц од Велс, сега кралот Чарлс Трети.

По 1,29 фунти за монархијата

Голем дел од трошоците за целото кралско семејство се покриваат од џеповите на британските даночни обврзници. Тоа во Британија се нарекува – државна поткрепа ( за британската круна).

Во минатата година, за ваквата поткрепа се одделени 86,3 милиони фунти. Тоа значи дека издржувањето на кралското семејство-секој Британец – даночен обврзник- го чини 1,29 фунти годишно.

Кога станува збор за приходите од војводството Корнвол, нив може да ги користи само принцот од Велс. А, Вилијам средствата што му припѓаат ги користи за издрѓување на своето семејство- сопругата Кетрин (Кејт) и трите деца.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе