Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Лекција од Зеленски за бугарскиот претседател

Лекција од Зеленски за бугарскиот претседател

Украинскиот претседател Володимир Зеленски  престојуваше  во еднодневна  посета на Софија , што само по себе беше изненадување.

Најмногу поради  (досегашната) силно проруска  позиција на политичкиот врв на Бугарија, главно изразена преку ставовите на бугарскиот претседател – за руската агресија и за тоа дали треба да им се помага на Украинците.

Имајќи „разбирање“ за путиновите освојувачки походи кон Украина  ( 2014 и 2022 година) и третирајќи ја агресијата,   за „судир“, а не за војна,  бугарскиот главен град изгледа како последното место во Европа каде претседателот на нападнатата Украина би се очекувало да престојува.

Разгневен претседател

Уште помалку да се сретне и да разговара со својот русофилски настроен бугарски колега Румен Радев. Но, средба имаше и на неа укрианскиот претседател му има одржано лекција на Радев каква (велат во Софија)  никој досега му нема очитано.

И  тоа во  неговиот, претседателски кабинет и во присуство на ТВ камерите. Тоа толку го има разгневено , што буквално ги има набркано камерманите, недозволувајќи да се продолжи со снимањето на вербалниот напад од страна на Зеленски.

Едноставно, без  дипломатска завиеност, украинскиот претседаел му има забележано на Радев што се спротивставува , а успева  повремено и да го блокира (бугарското учество) во дополнителното вооружување на украинската војска.

Гостин на владата во Софија

Домаќин на посетата на Зеленски беше новата бугарска проевропска, прозападн и пронатовска влада, што ја предводи професорот Николај Денков, од редовите на проевопската партија ПП ( Продолжуваме со промените) на Кирил Петков.

Украинскиот претседател во Софија престојуваше за да договори испорака на вооружување , на нафта, како и на нуклеарна опрема , за санација и одржување на украинските нуклеарки-  сите од руско (советско) производство- какви имаат и Бугарија и Украина.

Во тој дел Зеленски ,велат,  треба да биде мошне задоволен.

Русофилството на Радев

Во Софија ( за прв пат)  има добиено силна подршка и  ветување дека Бугарија стои зад украинската борба против агресијата на Русија и ќе ги помогне украинскит воени сили со потребната муниција, со разна воена опреме и со (стари, руски авиони)  потреби за фронот – за вклучување во операциите и за резервни делови.

Средбата со Радев, меѓутоа, поранешен началник на бугарската воена авијација- наклонет кон Русија и Москва, а крајно двосмислен кога станува збор за НАТО,  според бриселски „Политико“ поминал  на работ од расправија.

Бугарскиот претседател и во оваа прилика се обидел да ја протурка својата приказна за тоа дека во „судирот нема воено решение“, како и тоа дека „ дотурањето се повеќе оружје нема да донесат решение“.

Реакција со презир на Зеленски

Тоа, инаку, е приказна  која -одвреме на време- ја протураат и од Кремљ, па на тоа, Зеленски кој со скаменето лице ги слушал зборовите на Радев, украинскиот претседател одговорил со презир.

„Не дај боже да те задеси трагедија и да се најдеш на моето место.Освен тоа, ако  луѓето со заеднички вредности не би помогнале , што вие (претседателе) би направиле. Дали би  рекле- ајде Путин, те молам, грабни малку бугарска територија“- му рекол Зеленски на бугарскиот претседател.

Истакнувајќи ја апсурдноста да се брани и да се застапува позиција на  страна која во случајов  е агресор и кој ( без повод ), се има нафрлено врз украинската територија, окупирајќи делови од неа и  веднаш анектирајќи ги како да се руски земји.

„Воен судир“ а не војна

Продолжувајќи понатаму со својот одговор на излагањето на Радев, гостинот од Украина  самиот одговорил на прашањето што го поставил,

„Не, како вистински претседател, сигурен сум дека нема да прифатите компромис со независноста на вашата земја. Сега, ваше право е да не и пружате помош на Украина, но во ова прилика, навистина, сакам правилно да ме разберете“.

Зеленски му има замерено на Радев и за тоа што руската агресија ја означува како „судир“ и за неговото, до крај нејасно тврдење, дека „војната се шири и ја проширува својата просторна големина“ .

Се знае дека  бугарскиот претседател не возвратил на лекцијата по патриотизам и  одбрана на сопствената државна територија. Нема што да брани политичар каков што е  Радев.

„Европејство“ за руски интереси

Станува збор  за претставник на бугрските  нациналисти-социјалисти кој сака да се меша во работите на други држави, во соседството, доведувајќи се во смешна ситуација- еден хулиган  да го прогласува за  некаква „намачена бугарска душа“ во Македонија.

Продавајќи го притоа, како  „европејство“  стариот бугарски национализам,  од поодамна ставен  во служба на руските империјални интереси на Балканот.

Во острата полемика со Зеленски, затоа, Радев возвратил на единствениот  начин на кој можел-   правејќи се дека  не слуша што зборува Украинецот,   буричкајќи по хартиите пред него на масата.

Како и да е, бугрскиот претседтел и на домашната политичка сцена,  уште еднаш го покажа на дело своето русофилство и непринципиелноста кон војната и вистината за неа.

Богат пакет  за Киев

Од друга страна, посетата на Зеленски ја откри длабоката поделеност меѓу сегашната влада со која управуваат, по принциот на ротација- на по девет месеции- ПП на Петков и ГЕРБ Бојко Борисов и шефот на државата.

Ваквата европска  влада (министерка за надворешни работи е доскорешна еврокомесарка)  се доовори со Киев  за испорака на муниција и на гранати, потоа на 16 авиони Миг-29 и уште 14 Су-25, иако дел од овие не се за летање, како и за испорака на нафта од бугарските резерви.

Веќе се почнати и преговорите за продавање на опремата ( дојдена од Русија пред војната) за  бугарската атомска ценрала „Белене“ од која во Софија дигаат раце.

Станува збор за два нуклеарни реактори кои на Украина и се мошне потреби за санација на тамошниот енергетски систем што Русија низ бомбардирањето систематски го уништува.

(С.Б.)

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе