Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Девојката Марта од 100 милиони евра

Девојката Марта од 100 милиони евра

Поранешниот италијански бизнисмен и политичар, еден од најконтроверзните во италијанскиот бизнис и политика Силвио Берлускони кој почина од леукемија на 86 години, целoто свое богатство, што се проценува на околу шест милијарди евра, му го остави на своето семејство.

На неговите  пет деца од  двата бракa, иако главнината им припадна на ќерката Марина и на синот Пјер Силвио кои сега , заедно, поседуваат 53 отсто од акциите.

Награда за последната девојка

Тие и досега имаа улога во бизнисот на таткото- ќерката како претседател на управниот одбор на компанијата Фининвест, а синот како раководител на целиот медиумски сектор, кој порано беше познат како Медиасет.

Италијанската и европската јавност, меѓутоа, најмногу се занимаваат со решението на Берлускони во својот тестамент  да внесе и други две лица кои, инаку,  не му припаѓаат на семејството.

Станува збор за Марсело Дел-Утри (81) и за Марта Фаскине (33). На него Берлускони му остави 30 милиони, додека на младата Марта и припаднаа дури 100 милиони евра.

Дел-Утри во тестаментот  е означен како  советник на Берлускони, а Марта, пак,  е неговата последна девојка и придружничка.

Во друштво со млади жени

Таа  беше 53 години помлада од Силвио, но во  последните три гдини од неговиот живот, (официјално), преку партиско  соопштение, беше промовирана како придружничка на лидерот на партијата Форца Италија.

Берлускони и како италијански премиер ( четири пати) настојуваше постојано да е опкружен со убави млади жени кои , според италијанските медиуми,  сите биле наградени за нивната блискост со богатиот бизнисмен и политичар. Најчесто добивајќи некаков недвижен имот-  куќа, стан или вила за одмор.

Таа негова потреба да биде  со помлади убавици беше и една од причините за неговиот политички пад. Посебно  по скандалот со секси-журките во неговата раскошна вила на Сардинија, познати како „бунга-бунга“ забави, кога беше осомничен и за заведување малолетнчки.

„Дете“ од Калабрија

Но, за Марта се вели дека таа од почетокот била третирана како нешто друго, па затоа е толку богато и наградена за својата блискост и за врската со остарениот и веќе заболен Берлускони.

За целата приказна околу врската со Фаскине медиумите низ Европа пишуваат   како за  некаква телевизиска  „сапунска опера“, прикажувајќи  фотографии како Силвио се бакнува со Марта во некои од скапите ресторани во Милано. Станува збор за нешто што се нема случувано со нејзините претходнички.

Марта е различна и затоа што се означува како „чедо“ на Форца Италија, каде Берлускони и ја има запознаено.

Во партијата, во почетокот,  била симпатизер и активист,подготвена да помогне за да се инсталира и во овој дел од Италија кој обично важи за левичарски.

„Сапунска опера“

Родена е во еден од најсиромашните региони во Италија- Калабрија, во 1990 година, во едно мало место блиску до административниот центар Реџо Калабрија.

По врзувањето со Берлускони таа има брзо напреднато во партијата. Прво, како партиски функционер, а потоа и како пратеник во италијанскиот Парламент. Сето тоа, сега и има донесено богатство од 100 милиони евра.

Марсело Дел-Утри , пак, е толку возрасен што не се верува дека ќе може да ги истроши триесете милиони што Берлускони му  ги остави со својот тестемент.

За него се вели дека е крајно контроверзна личност.

Врска со сицилијанската Мафија

Се претствува како деловен човек и како поранешен сенатор, но овој роден Сицилијанец има поминато пет години во затвор- за врските со Мафијата.

Беше обвинет и осуден за тоа дека меѓу 1974 и 1992 година бил врска на сицилијанската мафија со деловниот свет во Милано.

Велат дека во таа криминална работа биле вклучени и фирми на Берлускони.

За починатиот милијардер, Марсело е значаен затоа што има „многу помогнато“ за влегувањето на Силвио во политиката и за формирањето на неговата партија Форца Италија-сега дел од  италијанската владеачка коалиција.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе