Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Мелони – „Платете ја сметката за тие идиоти“

Мелони – „Платете ја сметката за тие идиоти“

Италијанската премиерка Џорџа Мелони, неколку денa беше на одмор во Албанија и во текот на приватната посета на соседната земја, разреши и еден необичен „спорен момент“ во инаку добрите италијанско-албански односи.

Мелони се погрижи да биде платена една приватна, кафеанска сметка на неколку Италијанци кои побегнале од ресторан во градот Берат, без да ја платат сметката.

Мелони и семејството беа гости на албанскиот премиер Еди Рама ,чија земја со нејзините две мориња- Јадранското и Јонското- оваа година е вистинско туристичко откритие, поради убавите плажи и евтината понуда, пониска од онаа на другите туристички конкуренти во овој дел од Европа.

Прашање на гордоста

Престојот на премиерката на Италија , локалните медиуми ја имаат искористено за да потсетат на инцидентот во стариот град Берат и на неплатената сметка од 80 евра. Кога Мелони разбрала за тоа , веднаш побарала да му се плати на сопственикот на ресторанот.

За разрешницата раскажал Еди Рама, зборувајќи за италијанскиот весник „Ла Стампа“.Тој открил дека Мелони му се свртела на италијанскиот амбасадор  во Тирана кој бил  покрај неа и му рекла- „Одете ве молам и платете ја сметката на тие идиоти “.

Подоцна, италијанскиот министетер за земјоделство има изјавено дека станува збор за прашање на националната гордост.

Осрамотување на Италија

„Едноставмо, неколку нечесни поединци не може да ја осрамотуваат државата ( Италија) во која живеат пристојни луѓе“- рекол министерот Франческо Лолобриџида.

Според медиумите и во двете земји- сметката била платена , а штетата на (пријатно изненадениот)  сопственик на ресторанот од Берат, била покриена со парите на италијанската влада.

Во напливот на странски туристи, Албанија оваа година очекува посета на 500 илјади италијански туристи. Тоа би било рекорд кој се смета дека е резултат на збогатената албанска туристичка понуда, како и на бегството на Италијанците од домашните  одморалишта – поради високите цени и скапотијата.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе