Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

„Пригожин загина и во 2019 година“

„Пригожин загина и во 2019 година“

Веста за паѓањето на приватниот авион , во близината на Москва, во кои беа седумина припадници на паравоената војска Вагнер, со нејзиниот лидер Евгениј Пригожин и главниот командант Дмитриј Уркин, предизвика веднаш бројни нагаѓања за тоа кој стои зад убиствито- како нарачател и како извршител. Но, во исто време покрена и бројни теории на заговор-

Падот на авионот не многу далеку од локацијата каде е летната резиденција на Владимир Путин, околу која (велат) има за заштита цела низа ракетни рампи С-3оо, ги наведува странските аналитичари  да заклучат дека Пригожин и друштвото се жртви на политичко убиство.

Особено кога се знае што направија вагнеровци на крајот од јуни- покренувајќи бунт против воениот врв на Русија, што Путин го оквалификува како предавство што тој не може никому да му го прости.

Теории на заговор

Но, кога е Пригожин се тврди дека никој и ништо не може  да отфрли, па и можноста од постоење на некаков заговор- околу тоа дали водачот на Вагнер е навистина мртов и дали воопшто влегол во леталото, без разлика што името му стои во списокот на патниците.

Неговите соборци брзо го прогласија за загинат и најавуваат одмазда против „руските предавници“. Конечно, самиот Путин во обраќањето до јавноста зборуваше за Пригожин како за мртов човек, иако не се осмели да ја потврди неговата смрт.

Лондонски „Гардијан„ затоа сега потсетува дека ова не е прв пат Пригожин да биде прогласен мртов.

Во 2019 година, медиумите ја пренесоа веста за пад на руски авион во ДР Конго, во Африка, во кој бил и Пригожин. Дури и руската амбасада ја потврди смрта, но три денови подоцна вагнеровецот се појави – жив и здрав.

Сменет идентитет ?

Беше очигледно дека целта на таа свесно изведена дезинформација е да замагли движењето и патувањето на водачот на платениците, силно присутен на „Црниот континент“.

По покренувањето на истрагата за неуспешниот бунт и посебно маршот на Москва, биле откриени низа пасоши и разни лични документи од што се заклучува дека било подготвено за можен двојник кои би патувал под неговото име. Биле  откриени и слики на кои Пригожин е преправен со разни видови бради, со пилотски наочари и во разни странски униформи.

Сето тоа може да ја одржува приказната дека тој е жив, но сокриен под друго име и друг идентитет. Експерти за ваквите теории уверуваат дека целта е постигната доколку 50 отсто од јавноста верува во таквата приказна.

Русите не веруваат во несреќа

Тоа, на некој начин, го потврдува и анкетата што ја има направено радо станицата „Ехото на Москва“ .

Само еден отсто верува дека дека падот на авионот е навистина несреќа.Дури 60 отсто од анкетираните сметаат дека авионот на Пригожин е соборен, или дека е уништен со експлозија во неговата внатрешност. Други 17 отсто веруваат дека целиот случај ги има самиот инсценирано- прогласувајќи се за мртов, за да може да исчезне.

Авторот на истражувањето објаснува дека Евгениј Пригожин можел лесно да биде уочен како влегува во авионот , но е можно лесно да се префрлил во друго летало кое безбедно го има спуштено на некој аеродром, некаде на територијата на Русија.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе