Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

„Папата Бенедикт бил прогонет и затворен“

„Папата Бенедикт бил прогонет и затворен“

Еден италијански десничарски новинар кој работи за крајно-десничарскиот весник „Либерто“ тврди дека поранешниот папа Бенедикт 16 кој поради болест се повлече од позицијата, практично, бил  прогонет и затворен во еден манастир во кој беше сместен по повлекувањето во 2013 година.

Новинарот Андреа Чиончи уште тврди дека актуелниот поглавар на Католичката црква, папата Франциско, кој се означува како либерален , во однос на црковните работи и католичанството,  не е легитимен папа. Новинрот  го означува Франциско како анти-папа, непризнавајќи ја неговата врховна власт во католичкиот свет.

Франциско означен како „анти-папа“

За промоција на ваквите свои уверувања тој се има определено да користи еден мал авион кој влече зад себе напишана порака на бело платно. На неа стои – „Benedict was in SEDES IMPEDITA”, израз што во Ватикан означува дека поранешниот поглавар бил „прогонет во заточеништво“.

Авионот во текот на последниот августовски викенд летал над најпознатите и најпосетените плажи на италијанскиот јадрански брег, предизвикувајќи прво љубопитство, а потоа вчудоневиденост и неверување во пораката што можела да се прочита.

Но, италијанските весници откриваат дека  порака врзана за заминувањето на претходниот папа од позицијата, имало закачени за мал авион и во текот на јули, во реонот на областа Лацио. Во неа се тврдело дека „Бенедикт не абдицирал“- што ќе рече дека бил сменет.

Сето ова се случува на десетгодишнината од смената на врвот во Ватикан и од поставувањето на „анти-папа“ на челото на Светиот стол , како што тоа го квалификува Чиончи изборот на актуелниот поглавар на католиците во светот.

„Жртва на левичарски заговор“

За овој новинар се тврди дека веќе подолго време се обидува во Ватикан, во Италија и низ светот да ја протури својата приказна за постоењето на некаков заговор при повлекувањето на Бенедикт.

Во неговата теорија на заговор, германскиот папа Рацингер, претходно надбискуп во Минхен, се означува како „жртва“ на либералите кои со тргнале од позицијата, за да како папа се постави либерален поглавар, каков што е папата Франциско.

Чиончи тврди дека во изјавата на Бенедикт  за своето повлекување можело „ да се насети“ дека тој не абдицирал, туку дека бил присилен на тоа, како и дека вистината ја знаат тројца кардинали кои тоа ќе го откријат после смрта на Рацингер.

Но, тоа не се случи откако поранешниот папа почина  на 31 декември минатата година.

Пред десет години поднесе оставка после (како што самиот изјави) исцрпувачки здравствени проблеми што прават тој да не може да ја обавува функцијата. До својата смрт, Ватикан, практично имаше двајца папи, ситуација која не се памети со векови наназад во истријата.

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе