Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Русија: Убиец помилуван како воен ветеран

Русија: Убиец помилуван како воен ветеран

Еден од убијците на руската новинарка Ана Политковскаја е помилуван и пуштен на слобода, затоа што се борел како руски „доброволец“ во војната против Украина. Веста за тоа на медиумите им ја има соопштено неговиот адвокат.

Сергеј Хаџикурбанов , поранешен полицаец во Москва , кој во 2014 година беше осуден на 20 години затвор, како еден од учесниците на убиството на новинарката, сега е слободен човек , врз основа на декретот на Владимир Путин , според кој за шест месечно служење војска на украинскиот фронт, следува претседателско помилување и бришење од регистераот на осуденици.

Секака, доколку во текот на војувањето ваквиот „доброволец“, остане жив.

„Монструозна неправда“

Хаџикурбанов го има преживеано војувањето и сега е слободен, предизвикувајќи гневна реакција и осуда од семејството на Политковскаја- нејзниите син и ќерка- како и на редакцијата на весникот „Новаја Газета“ за кој оваа истражувачка новинарка работеше се додека не беше ликвидирана -пред влезот на куќата во Москва, каде живееше.

Во заедничка изјава, помилувањето на убецот сите тие  го имаат оквалификувано како „ монструозна неправда“ .

Политковскаја беше познато руско новинарско перо која уживаше углед во руската јавност, но таа беше и остар критичар на власта на Путин , а посебно на неговата сурова војна во Чеченија. За своите написи и анализи за тоа што навистина се случува во Чеченија, во градот Грозни и за тоа дека руските сили имаат извршени насилства, таа имаше добиено меѓународни новинарски награди.

Нејзиното настојување да се даде објективна слика за она што се случува во руската „валкана војна“ во оваа руска република, не им допаѓаше на Кремљ, на воениот врв и на руските безбедносни сили кои ја водеа војната. Особено што таа во своите прилози бараше и одговорност, вклучувајќи и за Путин.

Претседателски декрет

Никој никогаш не откри, ниту пак руската службена истрага се трудеше премногу да разбере- кој , всушност, стои зад убиството на Политковскаја и кој има дадено налог таа да биде ликвидирана и замолчена. Исто како што никој од власта ги нема известено семејството на убиената и редакцијата дека еден осуденик за тешко злосторство, сега е слбоден човек- врз основа на претседателскиот декрет.

Како поранешен припадник на специјалните сили на полицијата, Хаџикурбанов бил повикан да им се приклучи на руските окупациони сили во Источна Украина- да служи војска како затвореник.

Тој прифатил да потпише договор за да учествува во путиновата војна против Украинците и на тој начин да си ја „купи“ слободата.Врз основа на декретот, кога изминале шесте месеци, а овој осуденик  , останал жив, веднаш бил помилуван- практично од претседателот на државата.

Руското министерство за одбрана регрутира осуденици, меѓу кои (велат) има и тешки криминалци, за да се борат против украинските сили .

Убиените Политковскаја и Немцов

Станува збор за истиот начин на кој паравоените сили „Вагнер“  обезбедуваа  припадници на војската на (сега) убиениот Евгениј Пригожин кои војуваа на Истокот од Украина, уште од пролета 2014 година, по окупацијата и анексијата на Крим, а потоа и во Сирија.

Другите  убијци на Политковскаја, сите припадници на руските малцински групи и сите роднини меѓу себе, се осудени на доживотен затвор.

За ваквото претседателско право – да помилува осуденици, убијци и криминалци- руската Дума има доиесено и посебен закон. Според него од помилувањето треба да се исклучуваат осуденици за најтешки злосторства, но изгледа дека тоа не важи за оние кои ја ликвидираа Ана Политковскаја.

Во текот на 2014 и 2015 година се случија низа вакви убиства, во кои беше ликвидиран и Борис Немцов, поранешен потпретседател на владата на Русија, но и опозиционер и остар критичар на руската воена интервенција на Крим и во Донбас.

Немцов беше убиен од зад грб, додека одел пеш дома, во непосредна близина на ѕидините на Кремљ. Беа фатени и осудени Чеченци, но ниту за него власта не се потруди да открие кој го има нарачено неговото убиство и покрај ветувањата што тогаш ги даваше Путин.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе