Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Оскар Писториус излегува од затвор

Оскар Писториус излегува од затвор

Поранешниот параолимписки шампион Оскар Писториус, спортски херој на Јужна Африка, во јануари следната година, излегува од затвор после повеќе од десет години поминати во затворската келија,  за убиството на својата девојка.

Писторус не се ослободува , ниту е помилуван, туку затворската казна ќе ја дослужи , како условно ослободен затвореник. Тој не ќе смее да ја напушти областа на Преторија, без да побара и добие одобрување, а ќе мора да помине и низ една  специјална програма  за – контрола на бесот.

Убиство на Денот на вљубените

Во февруари 2013 година, на Денот на вљубените, во својата вила во елитниот кварт на Преторија, предградие на Јоханесбург, Писториус ја застрела Рева Стенкамп, позната јужноафриканска манекенка и фотомодел, со која живееше. Таа беше убиена, откако  атлетичарот пукал низ вратата на бањата, мислејќи дека таму се крие крадец кој влегол во куќата, додека тие двајцата биле на прославување.

Според неговата изјава дадена на полицијата, на која  остана се до денес, не забележал дека во бањата во меѓувреме влегла Стенкамп, која стоејќи до вратата,  останала на место мртва. Писториус објаснуваше дека во тоа време, во квартот оперирале крадци, па тој веднаш пукал, стравувајќи за безбедноста- своја и на девојката.

Обвинителството, меѓутоа, не веруваше во верзијата на Писториус и во тоа дека станува збор за несреќен случај, односно за ненамерно убиство. За обвинителите, тој ја има убиено девојката со предумисла.

Три судски верзии

За ваквото свое тврдење, обвинителите се повикуваа на изјавите на сведок- најблискиот сосед на атлетичарот- кој и за полицијата и за обвинителите има речено   дека слушнал бучна караница меѓу двајцата млади, по што се слушнале и истрелите.

Впечаток беше дека,сепак, ниту една страна не успеа целосно да ја докаже својата верзија за трагичниот инцидент, па затоа и судот во Преторија на три пати има расправано за убиството на Стенкамп.

Првично, Писториус беше осуден на пет години –  домашен затвор. На жалба на адвокатите на родителите на жртвата,  казната беше потврдена, само што  беше зголемена на шест години. Потоа, една година подоцна, во 2014 година, се жалба вложи обвинителството, повикувајќи се на нови сознанија за случајот, барајќи од  Врховниот суд ново судење.

Без двете нозе уште како бебе

На овој процес , Писториус беше прогласен за виновен за намерно убиство , за што доби 13 години затвор.

Оскар Писториус кој сега има 37 години, е роден во Јужна Африка, во африканерско семејство, на локални белци. Како бебе на 11 месечна возраст, му биле ампутирани двете нозе, до над колениците, поради сериозна, вродена аномалија.

Иако хендикепиран, уште како многу млад почнал да се занинава со спорт. Се определува за атлетиката и  со помош на специјални протези станува мошне успешен параолимпиец- најдобриот досега во тркачките дисциплини.

Беше  толку успешен што тој е првиот кој има настапено и на една Олимпијада , борејќи се за медал со нехендикепирани тркачи, што го има промовирано во спортски херој на Јужна Африка.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе