Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Џефри Епстајн и „Џон До“ друштвото

Џефри Епстајн и „Џон До“ друштвото

Судот во Њујорк дозволи да се објави списокот со имињата на пријателите на сега починатиот американски милионер и педофил Џефри Епстајн, кој во 2019 година изврши самоубиство во затворот, додека очекуваше да биде изведен на судење за организираната мрежа од малолетни девојки за подведување на богати и влијателни клиенти.

Одлуката на судот веднаш предизвика бранување во американската јавност за тоа кои се пријателите од кругот на овој осрамотен милионер. Нивните имиња  (досега) беа во запечатените документи на обвинителството и на судот-  означени само како лица „Џон До“.

Сите ,инаку, се споменувани во текот на судењето на Гилејн Максвел- соработничка и поранешна партнерка на Епстајн, инаку Британка и ќерка на поранешниот контроверзен британски медиумски тајкун  Роберт Максвел.

Трамп и Клинтон

Од среда доцна вечерта, беа публикувани првите педесетина документи, но според медиумите, засега нема некои спектакуларни откритија, како што се очекуваше. Останува сознанието од порано дека таму ќе се најдат имињата на лица  од светот на бизнисот, како и од  политиката во САД.

Притоа,  се манипулира со имињата и на двајца поранешни претседатели- Доналд Трамп кој беше , а и сега е богат бизнисмен и на сега веќе остарениот Бил Клинтон.

Во првите документи се споменува Клинтон, а Трамп само посредно- дека била користена неговата вила на Флорида – од „пријателите“ на Епстајн за „разни услуги“.

И за обајцта, колку што се знае, има по една сексуална афера и случај на неверство кон сопругите-Трамп со порно ѕвездата Сторми Даниелс, а Клинтон со соработничката Моника Луински, поради што за малку ќе беше сменет од претседателската функцијата.

Меѓутоа,  медиумите тврдат дека и за Трамп и за Клинтон, нема сознанија дека било кога ги користеле услугите кои ги нудел Епстајн.

Британскиот принц Ендрју

Клинтон, според неговата канцеларија, патувал еднаш со приватниот авион на Епстајн, во една хуманитарна мисија во Африка, на почетокот од 2000-та година, кога овој важел за филантроп.  Ги прекинал сите врски со него уште пред да избувне аферата.

Во првите објавени документи, директно се споменува британскиот принц Ендрју, помлад брат на кралот Чарлс кој од порано беше обвинуван дека имал врска со постара малолетничка (Вирџинија Џофре) со која го запознала сега осудената Максвел, која ја имала улогата на „ мадам“ во мрежата на Епстајн.

Принцот упорно тврдеше дека – немал никаков контакт со девојката, која тогаш имала 17,5 години, но тој сепак , во вонпарнична постапка се има спогодено со Џофре. Притоа, остана тајна   износот на спогодбата, а нема сознание ниту дека Ендрју признал вина.

Список од 250 имиња

Сега се открива и дека извесна Џоана Сјобер го обвинува британскиот принц дека во една прилика, во станот на Епстајн на Менхетен, во Њујорк, на софата во дневната соба, ја додирнувал по градите.

Медиумите во САД, навестуваат дека  на списокот, од околу 250 имиња ,  на 900 страници, би можеле да се најдат и имиња на непознати лица, оние кои работеле за компанијата на Епстајн и оние кои само патувале со него.

Во првиот објавен пакет ги има имињата и на пејачот Мајкл Џексон и на магионичарот Дејвид Коперфилд- но и обајцата надвор од мрежата корисници на педофилот.

Гилејн Максвел е осудена на 20 години затвор и не  се дозволува казната да ја издржува во Британија. Џефри Епстајн кој се дружеше со познати јавни личности, беше најден  обесен во затворската ќелија. Десет години пред тоа, беше осуден за секс со малолетничка, но казната ја нема издржано.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе