Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Бред Пит ја порази Анџелина Џоли

Бред Пит ја порази Анџелина Џоли

Во правната битка меѓу поранешните сопружници Бред Пит  и Аџелина Џоли, околу нивниот заеднички имот во Франција- замокот со винарија Шато Мирави- победи Пит.Така има одлучено судот во Луксембург.

Според лондонските таблоиди, нивната правна пресметка која беше означувана како -војната за розевото вино- се има развлечено цели три години. Винаријата на која Бред и Џоли се имаат венчано, инаку, требаше да биде местото каде тие двајцата- остарени и далеку од Холивуд и филмовите- ќе ја минуваат староста.

Расправија за  Шато Мирави

Но, како што тоа обично се случува во нивниот свет ( а не само таму) – винаријата сместена на францускиот Исток, се има претворено во локација за која двајцата – некогаш означувани како „златна брачна двојка“- водеа вистинска војна во судот и јавна пресметка на социјалните мрежи , каде меѓусебно се навредуваа.

Повод за тригодишната битка е едностраната одлука на Џоли да ја продаде својата половина од целиот имот, без притоа да побара согласност од поранешниот сопруг- како што тоа го предвдувал купопродажниот договор за Шато Мирави.

Дознавајќи за тоа од медиумите- како што тврди – Бред Пит има поднесено тужба против екс сопругата  со која и пред тоа се имаат судрено за старателството врз нејзините шест деца. Актерот се тврди дека  веднаш покренал тужба кога разбрал дека Џоли винаријата му ја има продадено на рускиот олигарх Јуриј Шефлер, близок пријател на рускиот претседател, кого Пит претходно го има одбиено да биде   купувач.

Продажба за одмазда

Бред Пит во тужбата ја обвинува Анџелина Џоли дека се обидувала да го исклучи од можната продажба на целиот имот што правно им припаѓал подеднакво и на обајцата.

Тоа било спречено со пресудата на судот , со која на Русинот му се одземени дел од акциите на Џоли кои и биле подарени од Пит, додека траела љубовта . На тој начин, рускиот ологарх повеќе не е и не може да биде мнозински сопственик на акциите ,  за да самиот  одлучува за иднината на винаријата.

Медиумите откриваат дека Џоли тајно соработувала со Шефлер- велат- само за да му напакости на бившиот сопруг.

Од нивната интернет преписка, пак, се открива  дека Анџелина Џоли , со продажбата на својот дел на Шато Мирави, не и било до парите, туку само до одмаздата. Бред Пит требало да биде казнет, затоа  што во претходната нивна судска расправија таа не успеала да спречи старателство врз децата да имаат  и двајцата.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе