Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

САД: Неуспешно извршување на смртна казна

САД: Неуспешно извршување на смртна казна

Извршувањето на смртната казна врз еден тежок злосторник кој со децении  чека за да биде егзекутиран, била запрена и прогласена за неуспешна, откако медицинската екипа која била задолжена да ја вбризга во него смртоносната доза со специјалната  инјекција, не успеала тоа да го направи и после неколку обиди.

Станува збор за серискиот убиец Томас Креч ( сега на 73 годишна возраст) кај кого екипата за егзекуција не успела да ја погоди вената во која требало да се внесе голема доза од силен  седатив, за брзо успивање на осуденикот на смрт. Како што тоа , инаку, се прави во вакви случаи во сојузните држави каде се уште постои смртна казна и каде таа се изврѓува на овој начин.

Најдолго во келијата на смрта

Ваквиот крајно необичен случај во долгогодишната американска пракса е регистриран во сојузната држава Ајова. Последен пат смртна казна во оваа сојузна држава  била извршена пред 12 години.

Осудениот Креч, прв пат бил суден уште во далечната 1974 година,- но на смрт бил осуден во 1981 година, откако покрај обвинувањето за серија убиства, во затворската ќелија го има претепано и убиено и човекот со кого бил затворен.

Тој важи за осуденик кој најдолго чека да биде егзекутиран.

На смрт беше осуден откако полицијата утврди дека е виновен за дури пет убиства. Но,  уште при изрекувањето на казната, било речено дека – Томас Креч најверојатно има извршено уште неколку други убиства. Едно од тие за кои во осумдесетите години на 20 век бил сомничен, беше  разрешено дури минатиот месец, кога во истрагата за едно злосторство во Лос Анџелес, полицијата дошла до докази и за  еден одамна нерешен криминален случај, за кој се покажа дека е дело на овој масовен убиец.

Неискусни егзекутори

Неуспешното извршување на неговата смртна казна, затоа, предизвика силни коментари во американската јавност- пред се, меѓу оние кои се за и оние кои се против смртната казна во американското правосудство, што во САД е во надлежност  на сојузните држави.

Адвокатот на Креч ( по службена должност) кој присуствувал на егзекуцијата, има откриено дека екипата што требало да ја внесе инјекцијата во телото на осуденикот, се обидувала дури десет пати да ја погоди поребната вена- прво на рацете, а потоа и на нозете, но дека не успеала во тоа.

Тогаш извршувањето на казната било прекинато, а осуденикот бил вратен во келијата на смрта.

Извршувањето било прогласено за неуспешо и сега останува да се види какво решение ќе биде понатаму донесено за овој случај.

Ајова со нов закон

Адвокатот во американските медиуми има речено дека за ваквата ситуација  виновна е специјалната комисија за казни која задачата за егзекуцијата им ја има доделено на – како што тврди- неискусн екипа и на  лица кои не можеле да се снајдат во она што би требало да биде рутинска работа. Вака излегува дека  осуденикот на смрт бил измачуван.

Инаку минатото лето, Конгресот на Ајова донесе нов  закон со кој извршувањето на смртната казна  во оваа сојузна држава, во иднина, треба да се прави со стрелање.

Медиумите откриваат дека овој случај е редок пример за неуспешно извршување на смртната казна во Америка, но не е единствен. Последен пат тоа се случило во Алабама, во 2022 година, кога после два неуспени обиди, извршувањето на казната било прекинато.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе