Поврзете се со нас

Skopje Global

Трендови + Општество

Венеција загрозена од климатските промени

Sailorr/BigStock.com

Венеција загрозена од климатските промени

Венеција и  базиликата во Аквилија, во Италија, потоа античкиот град Тир во Либан, како и Ефес во денешна Турција – сите познати локации во Медитеранот и дел од светското културно наследство, се прогласени за загрозени, поради зголемувањето на нивото на морето – соопшти Nature Communications .

Во обемната студија, дело на научниците од  универзитетите во Кил (Германија) и во Саутемптон  (Велика Британија), се содржи индексот на културолошкото богатство според степенот на нивната загрозеност како резултат на климатските промени на планетата, а кои им се закануваат во текот на овој век. Според  студијата, Венеција и нејзината лагуна, потоа ренесансниот град Ферара и градчето Аквилија и неговата позната базилика, се наоѓаат на самиот врв од списокот.

За Венеција и лагуната во која е сместена, што ја прави единствен таков град во светот,  се вели дека е директно изложена на заканата од порастот на нивото на Јадранско Море. Градот тоне по 10 см. секој век, само како резултат на порастот на морското ниво што предизвикува прогресија во делтата и спуштање на седиментите – одамна има предупредено УНЕСКО. Во 20 век, овој град загубил доплнителни 10 до 13 см. поради индустријата и искористувањето на подземните води.

Археолошките остатоци на Тир, во денешен Либан, па целото археолошко наоѓалиште кај Тарагона, на медитеранскиот брег на Шпанија, како и античкиот град Ефес, близу до медитеранскиот брег на Турција, се најзагрозени од постојаната ерозија на морскиот брег.

Студијата укажува дека под закана од потонување се дури 37 места и локации на Медитеранот, а од ерозија на брегот – други 42. До крајот на овој век се смета дека само две места- Медина во  Тунис и археолошкиот комплекс Ксант Легон во Турција ќе ги избегнат последиците предизвикани од промената на климата.

Сите овие места сега се соочуваат со бројни предизвици, што треба да се направат во следните деведесетина години, велат експертите од Универзитетот во Саутемптон. Проблемот, според учесниците во изработката на студијата е што, освен некои, најголемиот број од овие споменици и локалитети, едноставно не може да се преселат на други локации, за да бидат спасени.

Во истовреме со појавувањето на студијата, беше објавен и извешатајот на Меѓународната организација за енергија, во кој се посочува дека, најверојатно, оваа година нема да се исполни планираниот пораст на температурата на глобално ниво, меѓу 1,5 и 2 степени Целзиусови. Како причина за тоа се наведува „рекордниот раст на испуштање јаглерод двооксид“ кој се смета и за двигател на топењето на замрзнатите брегови, што пак влијае за зглеменото ниво на океаните и морињата.

 

 

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Трендови + Општество

Горе